ВИДЕО | Ниту хет-трикот на Мората не беше доволен за Атлетико: Жирона славеше во дербито во Ла Лига

Фото: EPA-EFE/Siu Wu

Фудбалерите на Жирона продолжуваат со одличните настапи во шпанското првенство и во новата 2024 година, па вечерва во рамките од 19-тото коло славеа во дербито против Атлетико Мадрид со 4:3.

Уште во втората минута Жирона го отвори резултатот преку Валери, гостите израмнија во 14-тата преку Алваро Мората, но во 26-тата минута одново домаќините со погодокот на Савио ја вратија предноста. Дејли Блинд набрзо се погрижи за 3:1, а до крајот на паузата Мората со вториот гол на натпреварот се погрижи за 3:2 на пауза.

По десетина минути игра во вториот дел и третпат на сцена стапи Мората кој го комплетираше својот хет-трик. На семафорот 1:1 стоеше се до самата завршница кога Мартин во 91-та минута постигна гол за победа на Жирона.

Со овие три бода Жирона се израмни со Реал Мадрид по бројот бодови со по 48. Зад нив на третата и четвртата следуваат Атлетико Мадрид и Барселона со по 38.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот