ВИДЕО | Николоски: ДУИ е најнепосакуван партнер за коалиција, а Левица нема да го има резултатот што го очекува на изборите

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Комeнтирајќи го коалицискиот капацитет на партијата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека дека изборниот резултат ќе биде таков што ќе има многу желби за коалиција со нив.

Во интервју за „Слободен печат“ тој ги коментира можните коалициски партнери со кои партијата доколку победи на изборите би можела да формира Влада.

 

-Во однос на коалицискиот капацитет, мислам дека изборниот резултат ќе биде таков да ќе има многу желби за коалиција со нас. ДУИ е најмалку посакуван партнер, особено ова раководство на ДУИ не доаѓа предвид затоа што се крајно корумпирани и криминализирани, така што доколку сме во позиција да бираме, а мислам дека ќе сме, тогаш би соработувале со она што сега се нарекува албанска опозиција, вели Николоски.

Запрашан за коалицирање со СДСМ вели:

-Во однос на тоа прашање македонскиот народ ако го прашате не е многу против. Често луѓето нас ни велат зошто не седнете и се обедините, за одредени прашања можеби треба да седнеме и да разговараме, не ни е нас тоа некоја туѓа идеја, вели Николоски за „Слободен печат“.

Целото интервју со Александар Николоски погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот