ВИДЕО | Нервозен камионџија влета во климатски активисти на пат во Германија

Нервозен камионџија влета во климатски активисти на пат во Германија / Фото Твитер

Бесен камионџија останал без работа откако бил снимен како вози директно во климатски активисти кои протестирале на патот. Шест демонстранти се позиционирале на патот во германскиот град Штралзунд во средата, при што бил запрен камионот на човекот.

Видеото, кое широко се прошири на социјалните мрежи, покажува како возачот на камионот излегува од возилото пред да одвлече еден демонстрант на пешачката патека. Потоа турка друг на земја пред да му се закани дека ќе го удри. 41-годишникот се вратил во своето возило додека првиот демонстрант повторно седнал на автопатот.

Возачот на камионот потоа почнал да се движи директно кон двајцата мажи, туркајќи го едниот неколку метри покрај бетонот, речиси прегазувајќи го пред да закочи.

По драматичниот инцидент, возачот подоцна се предал на властите, а полицијата му ја одземала возачката дозвола, пишуваат германските медиуми. Судот треба да одлучи дали ќе му биде одземена лиценцата на неодредено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот