
ВИДЕО | Непријатен момент: Кралицата Камила ја избрка принцезата Кејт додека зборуваше со Меланија Трамп?
Видео од кралското семејство како го пречекува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија стана вирално на социјалните мрежи. Имено, на видеото се чини дека кралицата Камила ја избрка принцезата Кејт додека разговараше со првата дама пред замокот Виндзор во средата.
Принцот Вилијам и принцезата Кејт беа првите членови на кралското семејство кои го поздравија претседателскиот пар Меланија и Доналт Трамп пред замокот Виндзор, пред да бидат испратени да се сретнат со кралот Чарлс и кралицата Камила пред куќата Викторија.
Препорачано
Видеото ги прикажува претседателот и првата дама како ги поздравуваат кралот и кралицата.
И додека Кејт разговараше со Меланија, а кралицата Камила стоеше и гледаше, се случи нешто што ја збуни јавноста. Имено, кралицата дискретно се вмеша во разговорот, ѝ замавна со раката на Кејт, со цел да си оди. Принцезата од Велс веднаш се збогува со Меланија и му се придружи на својот сопруг, кој разговараше со претседателот и кралот Чарлс.
Queen Camilla ejected the Princess of Wales, Kate Middleton, from her conversation with First Lady Melania Trump pic.twitter.com/dxby1mhE53
— Sara Eli (@SaraEli256) September 17, 2025
Кралското семејство вложи многу труд за посетата на Доналд Трамп. Повеќе од 1.500 припадници на британските вооружени сили ја наредени рутата низ имотот Виндзор, додека 41 топ одѕвонуваа од ѕидовите на замокот и од Лондонската кула. Во замокот Виндзор, претседателот Трамп и неговата сопруга присуствуваа на приватен ручек и церемонија на положување венец на гробот на кралицата Елизабета втора.
Патем, ова е втор пат претседателот Трамп да ја посети Велика Британија како дел од државна посета – првиот пат беше во јули 2018 година, за време на неговиот прв мандат на чело на САД.