ВИДЕО | Нелоски: Алармот треба да е погласен во Владата штом во пандемија излегуваат 15.000 луѓе на протест – потребна е Влада на национален спас без политичари како Заев

-Во однос на вчерашниот прекрасен протест, ВМРО-ДПМНЕ не се појави како организатор , но го поддржавме. Она што СДСМ се обидува вчера и денеска да испинуваат одредени вести во однос на тој процес говори дека сакаат да го скријат стравот и паниката. Вие доколку имате состојба со ковид панедемијата каква што имаме, доколку имате вакцинирано само 3% од населението и доколку граѓаните самоиницијативно се подготвени да излезат над 15.000 покажува колку народот е дојден до ѕидот. Заканата од заразата не е помала, но толку е голем револтот на граѓаните што не можат повеќе да седат дома и да ја трпат оваа неправда. Луѓето вчера своеволно, доброволно беа присутни. Доколку правивме паралела со пописот – тогаш граѓаните ќе беа принудени да отворат на некој попишувач, на вчерашниот протест граѓаните секој по своја одлука, свесен за одговорноста, свесен за опасноста од ковид пандемијата беше присутен, изјави во Утрински брифинг Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека многу поважна тема е да се говори како 15 луѓе се политички казнети на над 200 години затвор, иако и власта и опозицијата знаат дека тие не се терористи.

-Мислам дека Заев што порано почне да си ги пакува куферите од Илинденска, толку полесно ќе заврши целава оваа ситуација за него, тоа е порака од граѓаните, вели Нелоски.

-Јас сметам дека 27 април не е насилен упад, бидејќи пред тие луѓе да влезат таму тие врати беа заклучени. Има еден поединец кој што во моментов е во прегратки со Власта ја отклучи таа врата. Треба да прашате некои други личности кои тогаш раководеле со партијата по чија наредба ги отворија вратите. Но тоа е најмалку важно, важно е дека човекот кој ги отвори портите од Собранието е амнестиран, шета слободно, има милионски тендери од власта. Јас го осудувам секое насилство, но дека тие луѓе влегле и направиле тероризам, а овој кој што им овозможил да влезат е слободен граѓанин, не можам, да се согласам. За споредба – ако вие имате 5 луѓе кои што ќе ограбат банка, како може тој што им го отворил сефот да биде на слобода, а луѓето кои што влегле да бидат осудени, изјави Нелоски и додаде дека сега има можност по исказот на Заев и сите околности околу овој случај, да има реобновување на случајот за 27 април, да им независно судење, тој што направил грешка да одговара, но не за тероризам.

Има многу поважни теми поврзани со вчерашниот процес од тоа дали поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ пишал статус или не. Организатор на вчерашниот процес беше дијаспората. Она што е поважно од статусот на поранешниот претседател се солзите на една од ќерките на осудените луѓе, солзи кои печат и болат, рече Нелоски.

Околу демаршот на норвешкиот воен аташе дека пратеникот на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Стојановски излажал дека предводникот на македонскиот хируршки тим во НАТО не знае да врши хируршки интервенции, Нелоски се оградува и нема став.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот