Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Не е крај на светот ако не сте депилирани: Плажата на која мажите и жените ги дели ѕид

Во Трст има многу необична плажа, каде мажите и жените се сончаат и пливаат одделно.

Без разлика на светскиот тренд кој настојува да ги укине разликите меѓу половите, во Трст има плажа Ла Лантерна поделена на два дела со ѕид, кој го дели делот за мажи и делот за жени. Иако градските власти сакаа да го тргнат ѕидот, граѓаните на Трст не дозволија, пишува „РТС“.

Граѓаните велат дека јасно кажале „не“ кога властите сакале да го уништат ѕидот и да ги помешаат жените и мажите. Беше направена петиција, бидејќи ѕидот е институција која датира од австроунгарската ера.

За да може маж да влезе во женскиот дел од плажата, потребно е овластување, а секое пристигнување се најавува преку системот за јавно обраќање.

Жените велат дека се чувствуваат подобро на плажа без мажи, бидејќи се слободни и весели. Слободно шетаат во костими за капење, чувствувајќи се опуштено дури и ако не ги депилирале или фарбале ноктите. Понекогаш малку се озборува за оние кои се здебелиле, а омилена тема е храната.

Ако градските власти решија да го урнат ѕидот, ќе имаше вистинска војна – ѕидот постои од 1890 година, а граѓаните не гледаат причина зошто да не остане таму.

Градските власти неколку пати се обидоа да го урнат ѕидот, а дури беше распишан референдум во 1943 година кога граѓаните на Трст одлучија дека ѕидот долг 74 метри мора да остане. Последен пат на ист начин гласаа во 1980 година и беше одлучено ѕидот да остане бидејќи е дел од историјата, традицијата и идентитетот на градот.

На крајот од ѕидот има дел каде се среќаваат сопружниците како и парови кои иако се сончаат, секој на своја страна од ѕидот, сакаат да се сретнат, а не само да се слушаат на телефон, па плажата го има и тој романтичен детал. Исто така, постојат некои исклучоци од строгите правила.

За оваа плажа се напишани книги, се снимаа документарни филмови, а беше прикажан и на фестивалот во Кан со филмот „L ultima spiaggia“ во 2016 година.

Само еднаш годишно е можно да се видат мажи и жени заедно на плажа на голем летен фестивал. Плажата Ла Лантерна го добила името по малиот светилник кој се наоѓа недалеку од таму, а жителите на Трст ја нарекуваат „Ел педоцин“, што на дијалект значи малата вошка.

Ѕидот е изграден за да се избегнат непристојни ситуации и го издржа тестот на времето најмногу благодарение на женската популација која е апсолутно против неговото уривање. Плажата најмногу ја посетуваат пензионери, мајки со деца, но и млади луѓе кои понекогаш доаѓаат таму на пауза за ручек бидејќи е блиску до центарот и лесно пристапна со јавен превоз. Оваа плажа е еден од симболите на Трст од кој нејзините граѓани не сакаат да се разделат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот