ВИДЕО | Навивачите бесни на Тен Хаг: Го избрка Де Геа за да плати 55 милиони евра за киксер

Фото: EPA-EFE/Anna Szilagyi

Aндре Онана минатата сезона беше одличен на голот на Интер, но неговата епизода во Манчестер Јунајтед започна катастрофално.

Од почетокот на сезоната Онана е еден од најкритикуваните во составот на Ерик Тен Хаг. Вчера имаше ново ужасно издание во поразот од Галатасарај.

Онана направи неколку лоши проценки, а најголемата грешка ја направи со едно лошо додавање по кое Касемиро стартуваше и доби црвен картон. Пеналот Галатасарај не го искористи, но неколку минтуи подоцна Икарди ги постави конечните 2:3.ж

Камерунецот досега прими 18 гола, додека само во Лигата на шампионите на два натпревари совладан беше седум пати.

По ваквите настапи на Онана се потсетува дека Тен Хаг го избрка Давид Де Геа кој веќе го имаше за да плати 55 милиони евра за Онана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот