ВИДЕО | Настов: Се размислува за нова студија за безбедност на патиштата

Студијата за безбедност на сообраќајот мора да се надградува. Во следниот период ќе одлуучуваме дали ќе биде тоа нова или дополнета студија, рече денеска во Утрински брифинг директорот на ЈП Улици и патишта, Борис Настов.

-Условите се менуваат, техниката напредува, така што оваа техника  која е поставена, а ги евидентира податоците на застоите и фрекфентноста може да ни покаже дека е потребно да се смени системот  за безбедност. За нас се добредојдени сите информации кои укажуваат на оштетени сообраќајни знаци или поставени на несоодветно место, без разлика дали доаѓаат од инспекциските служби, од дежурните служби на другите претпријатија или од граѓаните. Има голем број на оштетени сообраќајни знаци, меѓутоа ние редовно ги санираме, рече Настов.

На дел од семафорите во Скопје ќе се вратат и бројчаниците.

– Потребата од вакво нешто се појави од тоа што Центарот за контрола на сообраќајот не ги контролира сите крстосници, туку само 92, а останатите околу 50 крстосници се во фиксна фаза. Идејата е да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот со воведување на бројчаници на семафорите  кои не се контролирани од ЦУКС. Во моментов се анализираат податоците, но приоритет ќе бидат крстосниците на влезовите во Скопје, појасни Настов.

Според него нивелирањето на шахтите се покажа како успешен проект.

– Со нивелирањето на шахтите се избегнува пропаѓањето на асфалтот. Нивелирањето требало и досега да се направи со цел да не плаќа претпријатието отштета поради тужби кои ги има во голем број по основ оштетување на возилата. Најнеопходно беше да се нивелираат шахтите на булевар Илинден и на ул. Метрополит Теодосиј Гологанов, а во наредниот период ќе продолжиме  со акцијата во зависност од временските услови, додаде директорот на Улици и патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот