ВИДЕО: Националистички марш на Израелците, Палестинци се судрија со полицијата во Ерусалим

Фото: Јутјуб/принтскрин

Израелската полиција денеска се судри со Палестинци кои се криеле во џамијата Ал Акса во Ерусалим, додека стотици Евреи го посетија светиот храм пред контроверзниот еврејски националистички марш низ Стариот град.

Со годишната поворка во Ерусалим, Израелците го слават заземањето на Стариот град во блискоисточната војна од 1967 година. Во маршот учествуваат илјадници луѓе кои скандираат низ тесните улички со калдрма.

Палестинските фракции предупредија дека парадата низ муслиманскиот кварт во градот би можела повторно да го разгори деценискиот конфликт со Израелците.

Неколку часа пред да започне маршот, полицијата заклучи некои Палестинци во џамијата на имотот на Ал Акса додека еврејските верници пристигнуваа да го обиколат комплексот, кој го почитуваат и муслиманите и Евреите.

Палестинците фрлале камења и пиротехнички средства кон полицијата, која одговорила со шок гранати.

Како што се зголемувал бројот на Евреите, тие развиле израелски знамиња и ја пееле националната химна.

Минатата година, ваквите еврејски собири предизвикаа 11-дневна војна во Појасот Газа меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот