ВИДЕО | Мурињо призна дека погрешил, се извини на новинар кој претходно го навреди

Фото; EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Жозе Мурињо може да биде среќен затоа што неговат екипа славеше победа од 7:0 против Емполи за викендот, а по натпреварот на прес-конференцијата се извини на еден од присутните новинари.

Новинарот Даниеле Ло Монако го праша Мурињо зошто играл со лоша формација против Милан кој Рома го загуби со 2:1.

Тогаш Мурињо му кажа дека нема намера да дискутира за неговата тактика со некој кој нема исти способности како него. Сега, Жозе очигледно сфати дека претерал, па се извини.

„Сакам да му се извинам на новинарот. Секогаш е директен со мене. Ти си одличен новинар. Го слушнав повторно прашањето и сметам дека немав причина да дадам таков одговор. Се извинувам јавно до тебе“, изјави Мурињо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот