ВИДЕО | Моментот кога почна пукањето на парадата на победниците на Супербоул

Пукање на прославата на Супербол / Фото: Kansas City Star/TNS/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Едно лице загина, а 21 беа повредени во напад во Мисури на крајот од победничката парада на Канзас Сити Чифс, кои го освоија овогодинешниот Супербол. Осум лица се здобиле со повреди опасни по живот, а седум се тешко повредени, а нивните повреди може да бидат и опасни по живот, соопштија властите.

Меѓу ранетите има и девет деца, но се очекува сите да закрепнат. Полицијата соопшти дека уапсила тројца осомничени во врска со пукањето. Мотивот за пукањето се уште не е познат, но неименуван полициски извор изјавил дека не постои сомнеж за тероризам, но најверојатно станува збор за расправија која прераснала во вооружено насилство.

Камерите на КЦТВ 5 го снимија моментот кога почна пукањето. На видеото се гледа како репортерот на КЦТВ се врти кон местото каде што се слушаат истрелите, а луѓето почнуваат да бегаат.

ВИДЕО: Застрелани и приведени во Канзас на парадата на победниците во Супербол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот