Калил ал-Хаја, лидер на Хамас/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Моментот кога главниот преговарач на Хамас го објавува крајот на војната

Протераниот лидер на Хамас во Газа, Калил ал-Хаја, синоќа објави дека групата добила гаранции од САД, арапските посредници и Турција дека војната во палестинската енклава е дефинитивно завршена.

„Денес прогласуваме крај на војната и почеток на траен прекин на огнот“, рече ал-Хаја, пренесе Ројтерс.

Договорот вклучува отворање на граничниот премин Рафах во двата правци, додаде тој.

Според договорот, Израел ќе ги ослободи сите палестински малолетници и жени.

Организацијата доби гаранции од медијаторите и од американската влада, кои потврдија дека војната е завршена, додаде тој.

Началникот на генералштабот на Израел нагласува дека непријателот не исчезнал

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот