Момчето Ариел во музејот „Хехт“ - Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ Guardian News

ВИДЕО | Момчето кое ја скрши амфората се врати во музејот за да ја види нејзината реставрација

Момче кое случајно скрши ретка амфора стара 3.500 години, се врати со семејството во музејот „Хехт“ во израелскиот град Хаифа за да види како се обновува овој археолошки артефакт.

Иако би се очекувало на некој што скршил таков артефакт да му биде забранет во музејот доживотно, сепак на четиригодишното момче му било дозволено да се врати од музејот „Хехт“ една недела по несреќата, објави „Гардијан“.

„Тоа беше само мал момент на невнимание“, рекла мајката на момчето кое случајно скршило древен бокал во кој се чувало вино или масло.

За момент го тргнала погледот, а малиот Ариел случајно ја превртел амфората од бронзеното време, која паднала на подот и се распарчила. Можела само да го види малото момче како шокирано стои над скршениот сад.

Една недела по несреќата, момчето се вратило во музејот со семејството, чии вработени и кустоси му простиле за невниманието, а Ариел на музејот му донел глинена вазна што сам ја направил.

ФОТО | При посета на музеј во Израел, четиригодишно дете скршило амфора стара 3.500 години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот