ВИДЕО | Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии

Соња Мираковска, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија - ЕУ
Соња Мираковска, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија - ЕУ / Утрински брифинг

На 19-тиот состанок на мешовитиот парламентарен Комитет донесовме важни препораки за нашата земја, важни за одностите помеѓу Македонија и Европската унија, изјави во Утрински брифинг Соња Мираковска, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – ЕУ.

-Документот кој го носиме е упатувачки. Тоа е документ кој го носи мешовитиот парламентарен Комитет, кој е формиран со договорот за асоцијација и стабилизација меѓу Македонија и Европската унија. Овој Комитет до сега оддржа 19 состанока и постојано има препораки. ТИе препораки многу често може да се најдат во документите на Советот, во документите на ЕК, на ЕП. На некој начин кога европратеници ќе изгласаат една таква препорака која се упатува на институциите на ЕУ и на Северна Македонија ќе држи до ставовите, вели Мираковска.

-Ние успеавме во овој значаен документ, како точка три да ги внесеме црвените линии на Владата на Република Северна Македонија. Тоа значи прифање на преговарачка рамка со чиста формулација за македонскиот јазик, јасна заштита на македонскиот идентитет, третман на историските прашања надвор од рамките и почеток на преговрите пред отпочнување на било каква постапка за менување на Уставот, вели Мираковска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот