ВИДЕО | Милевска: Пораките на ЕК и Борел одат во прилог на Северна Македонија

Тања Милевска, дописничка на МИА од Брисел/Фото: Слободен печат

Не верувам дека Самитот ќе донесе големи промени. Бугарија јасно стави на знаење дека не планира да ги помести своите ставови.Околу прашањето зошто и како тоа Франција и ЕУ не можат да се справат со Бугарија и со Радев, сметам дека има два фактори, изјави во Утрински брифинг новинарката и дописничка на МИА од Брисел, Тања Милевска.

Според неа, едниот фактор е што Бугарија е клучна во инвазијата на Русија во Украина гледајќи од енергетска смисла и е постратешка и поважна за ЕУ од Македонија.

-Втора работа е што за разлика од спорот со Грција, ова е спор што „западњаците“ не го разбираат и им се чини тотално апстрактен, византиски, балкански. Мислам дека нашата дипломатија можеше многу повеќе да го објасни, вели Милевска.

Сега притисокот повеќе не е само врз Скопје туку и врз Софија, смета новинарката.

-Фактот што Борел и Европската Комисија за првпат дадоа рок дека мора преговорите да започнат во јуни повеќе и оди во прилог на Македонија отколку на Бугарија. Мислам дека Бугарија има многу повеќе интерес да се одолговлекува овој проблем. Така беше и со Грција на која и одговараше одолговлекувањето. Ова е максимумот што ЕУ со своите бирократски ограничувања може да го направи и е прилично храбро во рамките на своите ингеренции, иако ЕК ја нема таа моќ, вели Милевска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот