ВИДЕО: Милан имаше 2:0 до 87 минута, па остана без победата во дербито на „Сан Сиро“

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во најинтересниот натпревар од 17 коло во Серија А на стадионот „Сан Сиро“ ремизираа екипите на Милан и Рома со резултат 2:2.

Водеа „росонерите“ со голот на Калулу од 30 минута по асистенцијата на Тонали, а во 77 минута за 2:0 се погрижи Побега, а асистент беше Леао.

Сите помислија дека миланскиот клуб сигурно ќе дојде до триумфот, но тоа не го дозволи римската „волчица“. Во 87 минута гостите намалија преку Ибанез по асистенцијата на Пелегрини, а во 93 минута Ејбрахам донесе бод за Рома.

Составот на Жозе Мурињо по четвртото реми сезонава е на шестото место со 31 бод, колку што има и петтопласираниот Лацио.

Милан е на третото место со 37 бодови, колку и Јувентус на втората позиција, а водечки останува Наполи со 44 бодови. Елиф Елмас беше стрелец за „наполитанците“ во гостинската победа над Сампдорија (0:2).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот