ВИДЕО | Мицкоски: Власта е поразена, време е Заев и заевизмот да си заминат

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Фото: Принтскрин

Македонија е поважна за мали соништа. Нашиот голем сон за нова надеж. Многумина се сомневаа, надежта победи. Македонија мора да се менува, промените почнуваат вечерва. Сите заедно од вечерва сонот за 3о години, кажете им на сите од Тетово до Скопје, до Гевгелија, почнуваат промените за подобар живот. Ова е убедлива победа. Ова е победа на народот во Македонија, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој им се заблагодари на сите што гласаа, но и оние кои не гласаа  „чија доверба ќе продолжиме да ја бараме“, рече Мицкоски.

-Им бллагодарам на сите партии од коалицијата, заедно успеавме и покрај сите премрежија. Благодарност до партиите што не поддржаа како Алтернатива, Алијанса за Албанците, Левица на Апасиев. Сите заедно срушивме бариери, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред насобраните сопартијци пред Белата палата каде од пред два часа се слави победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

-Покажавме дека врз база на принципи е можно спојување. И покрај разликите може да се обединиме за заедничка цел. Македонија без корупција. Македонија во ЕУ. Еден опозициски блок е сосема извесен и ќе донесе победа на следните предвремени парламент избори. Благодарност до ЛДП и ДОМ што оставија на своите гласачи да гласаат по сопствена волја. Денеска да се радуваме ама не треба многу да славиме. Она што се случуваше меѓу два круга не треб да го заборавиме, уцените, заканите,….

-Победивме во Битола со повеќе од 3.000 гласови разлика. Победивме во Брвеница, Јоцо нека ти е честита победата. Победивме во Василево, Славе работа те чека, Спасе победи во Вевчани, Доне, Андон силно мотивиран победи со повеќе од 3.000 гласа во Гевгелија. Во Зелениково победивме, Славко победи во Конче, во Кочани, во Демир Хисар, Кратово, Пехчево и Лозово. Жарко победи во Македонски Брод, во Охрид победи Пецаков со повеќе од 4.000 гласови.  Ацо победи со повеќе од 2.000 разлика во Радовиш, победа во Ресен. Победивме во Чешиново Облешево, Ранковце и во Македонска Каменица.  Коалицискиот партнер Стевчо Јакимовски победи во Карпош, а независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска победи во Скопје, рече Мицкоски.

-Велат, Скопје е вмровски град. Ќе кажам, Скопје пред се е слободен град, а Македонија е слободна земја, потенцира Мицкоски.

-Оваа победа е голема оти е во услови кога изборниот процес е полн со нерегуларности. Ова требаше да биде свечен ден, но е тажен заради притисоците, бруталната злоупотреба. Тие ги имаат институциите кон ги злоупотребуваат, ние го имаме народот кој не поддржа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој упати порака до новите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

-Немојте да го разочарате народот, засукајте ги ракавите и на работа. Фотелјите заменете ги со терен. Не заборавајте од каде почнавме. Јас ќе ви бидам сенка и пријател, но и најголем критичар. Народот мора да види резултати. Ќе стојам до секој збор во кампањата. Борбата продолжува. Власта го загуби кредибилитетот, нивната политика е поразена. Ова е огромна доверба и ќе знаеме да ја почитуваме. За ново мнозинство, оставете времето да покаже. Власта е делегитимирана и со тек на време тоа ќе се манифестира во парламентот, но најдобро би било тоа да се случи на предвремени парламентарни избори, рече вечерва Мицкоски додека неговите сопартијци пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ скандираа „оставка“..

Тој упати и порака до премиерот Зоран Заев и до неговите соработници:

-Да го замолам да размисли што ќе бидат следните чекори. Да се надмине себеси и да го направи најдоброто за Македонија. Да замине. Нема повеќе место за криминал во Македонија. Не затоа што јас или вмро сакаме туку зашто народот испрати порака. Ова е огромна порака. Не треба тактизирање, треба да ја прифати пораката од народот, дециден е Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, секој нека знае, со ВМРО-ДПМНЕ не треба да си играте. Ние имаме мнозинство гласови н народот, за да има избори, треба мнозинство и во парламентот. Да бидеме трпеливи и разумни, сите партии да ја почитуваат волјата на народот. Таа доверба не треба да ја испуштиме. 30 години овој народ чека да оди напред. Потребни се 61 пратеник во Собранието, гласови за да одиме на избори. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Египќани, доби од целиот народ, рече Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот