Никола Мемов/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

ВИДЕО | Мемов: МВР да ги најде и да ги казни потпалувачите на пожарите

Од Движењето ЗНАМ ги осудуваат подметнувањата на пожарите и апелираат до МВР веднаш да ги пронајде и казни сторителите.

На денешната прес-конфренција, портпаролот на партијата Никола Мемов рече дека се неприфатливи вакви инциденти во државата.

„Апсолутно е недозволено, во услови на нормален живот, вакви инциденти да ни се случуваат, каде што очигледно и од снимките се гледа подметнување на пожарите“, изјави Мемов во одговор на новинарско прашање дали има политичка позадина за пожарите.

Премиерот Христијан Мицкоски неколку пати рече дека се работи за центри на моќ кои преку пожарите сакаат да шират страв и паника кај народот пред изборите. Тој најави ригорозни казни за оние кои ќе фрлаат отпад на несоодветно место, а подметнувањето на пожар да се третира како тероризам.

Министерството за животна средина испрати препорака до општините да спроведат детални контроли и идентификација на сите диви депонии и нерегистрирани локации за отпад, како и да изготват планови за нивно систематско отстранување.

Мицкоски: Идентификувавме 20-на осомничени за пожарите, во моментов заседава врвот на МВР

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот