ВИДЕО Мексико: Картел дојде по рекет, земјоделците ги убија членовите со српови

Криминална група влегла во мала земјоделска заедница во централниот дел на Мексико, но наишле на отпор, односно тепачка проследена со истрели од оружје. Селаните со каубојски капи, српови и пушки ги избркале членовите на бандата.

Полицијата во државата Мексико, која се наоѓа во близина на Мексико Сити, соопшти дека конфликтот се случил во селото Текскалтитлан. Во судирот загинале единаесет лица, од кои осум биле членови на криминалната група. Нарко картелот Фамилија Мичоакана доминира во областа 10 години. Селаните им ги запалиле телата и возилата. Според локалните медиуми Фамилија Мичоакана испратила членови да бара од фармерите да платат такса по хектар, што овие одбиле да го направат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот