
ВИДЕО | Меган Маркл се појави на поткаст без грам шминка, се расплака и конечно проговори за конфликтите со принцот Хари
За време на нејзиното прво гостување во поткастот „Шоуто на Џејми Керн Лима“, Меган Маркл за првпат проговори за тешките почетоци на нејзината врска со принцот Хари.
Препорачано
За време на епизодата, која се емитуваше во понеделник, Меган Маркл призна како тие се скарале по само шест месеци врска.
„На почетокот, сè е прекрасно и имаш пеперутки во стомакот, но потоа многу брзо влеговме во конфликти“, рече таа.
„Сè започна од никаде, и тоа по само шест месеци врска. Па сега, седум години подоцна, кога имате малку простор да дишете, можете да уживате еден во друг на нов начин. И затоа чувствувам дека сега повторно ни пристигна периодот на меден месец“, додаде Меган.
Оваа епизода привлече огромно внимание бидејќи беше првпат Меган да биде гостинка на поткаст, во опуштена, интимна средина, без шминка и гламур, покажувајќи ја со тоа својата ранливост, но и својата автентичност.
Во најавата на самиот поткаст, Меган ги брише солзите од лицето, нагласувајќи зошто е добро да се биде без шминка:
„Не го очекував ова. Ова е толку убаво и затоа е добро да не носите шминка“, рече сопругата на принцот Хари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
49мин
-
1час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5