Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Меган Маркл како домаќинка: Нетфликс објави трејлер за новата серија во која војвотката од Сасекс готви со ѕвездите

Само еден ден по враќањето на Инстаграм, Меган Маркл ја искористи платформата за да го сподели првиот трејлер за нејзината серија „Со љубов, Меган“, која наскоро ќе биде достапна на Нетфликс.

На видеото војвотката од Сасекс ги демонстрира своите кулинарски вештини, како и грижата за градината, со познати гости како Минди Колинг, Рој Чои, Алис Вотерс и, се разбира, нејзиниот сопруг Хари.

Во објавата на Инстаграм споделувајќи го трејлерот, Маркл напиша:

„Бев многу возбудена што го споделам ова со вас! Се надевам дека ќе ја сакате оваа серија исто како што јас уживав во правењето. Ви посакувам на сите фантастична Нова година“.

Режисер на серијата е Мајкл Стид, а се состои од осум полчасовни епизоди

„Со љубов, Меган“ ќе биде достапна од 15 јануари на Нетфликс.

За потсетување, војводата и војвотката од Сасекс потпишаа договор со Нетфликс, наводно, вреден 100 милиони долари во 2020 година, а во изјавата по тој повод, парот изјави дека се заинтересирани за создавање „инспиративна семејна програма“ и „моќно раскажување приказни од вистинит и хуман агол“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот