ВИДЕО: Маж гол се прошета низ аеродромот во Далас, патниците зачудени од необичната случка која заврши со апсење

Гол маж се прошета на аеродромот во Далас/Фото: Скриншот/YouTube

Маж е уапсен затоа што се шетал гол низ меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт. На видеото што го снимиле безбедносните камери, се гледа како мажот оди гол – без никаков багаж и полека поминува пред ресторан за брза храна во терминалот Ц на аеродромот, од кој сообраќаат само летовите на Американ Ерлајнс.

Запрепастен случаен минувач поминал покрај голиот човек, но тој не обрнувал внимание на ниту еден од вознемирените погледи насочени кон него.

„Има гол тип на аеродром“, се слуша како вели друг маж кој ја снима чудната глетка, додека случаен минувач го моли да не го снима непознатиот.

Голиот маж веднаш одмавнува со главата кон камерата, покажува со прст и почнува да ја тресе главата.

„Да, има“, вели човекот што го снима.

Голиот патник продолжува да ја тресе главата со насмевка на лицето.

Тој набрзо бил фатен од страна на безбедносната служба на аеродромот и одведен на психијатриска евалуација. Авиокомпанијата не соопшти дали мажот е обвинет или кои околности довеле до чудниот инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот