
ВИДЕО | Маж го покажа задникот на Кинескиот ѕид: И тој и неговата сопруга депортирани
Посетата на една јапонска двојка на Кина доби неочекуван и контроверзен пресврт откако беа депортирани поради инцидент на Кинескиот ѕид.
Препорачано
Јапонски пар ќе ја памети посетата на Кинескиот ѕид до крајот на животот – за жал, со лоши спомени.
Она што започнало како лесна шега, каде сопругот го покажал задникот за неговата сопруга да направи интересна и оригинална фотографија на Кинескиот ѕид, брзо се претворило во скандал.
Актот, кој според кинескиот закон се смета за „навреда на јавната пристојност“, предизвика бес и доведе до нивна брза депортација, со акцент на кршење на културните норми.
По инцидентот, безбедносниот персонал на историската знаменитост брзо ја уапси двојката. Нивната шега ги чинеше слобода – тие наводно поминале две недели во кинески притвор пред да бидат депортирани.
Во соопштението на јапонското Министерство за надворешни работи на 14 март се наведува дека „јапонската амбасада во Кина потврди дека на 3 јануари локалните власти уапсиле двајца јапонски државјани во близина на Кинескиот ѕид“.
Тие додадоа дека туристите „подоцна биле ослободени и вратени во Јапонија во јануари“.
Претставниците на амбасадата рекоа дека двојката им објаснила дека сето тоа требало да биде безопасна шега, но нивното објаснување не помогнало да ја ублажи сериозноста на културниот престап и кршењето на законот што го направиле во Кина.
Веста за инцидентот неодамна беше објавена, а хаштагот, кој во превод значи „Јапонец и жена приведени поради непристојно однесување на Кинескиот ѕид“, наводно собрал повеќе од 60 милиони прегледи на кинеската платформа за социјални медиуми Веибо.