20 C
Скопје

ВИДЕО | Марко Кутлиќ: Сакам македонската публика да ја слушне мојата песна, затоа што Македонија е земјата на мојот музички идол

„Буди моја ноќ“ е насловот на новата песна на талентираниот хрватски изведувач – Марко Кутлиќ. И не станува збор само за нова песна, туку и за нов, сосема поразличен звук. Продукцијата е мошне органска и секој инструмент е отсвирен во живо.

„Песната е сосема поразлична од сето она што сум го направил досега затоа што сè уште сум во потрага по звукот кој најдобро ме опишува. Самата композиција зборува за чувството кое повеќето луѓе го почувствувале – копнееш по некого, а немаш храброст да му кажеш“, вели Марко.

А еве зошто Марко сакал неговата песна да ја слушне и македонската публика.

„Досега не сум бил во Македонија, но желбата постои одамна. Кога одев во основно училиште многу сакав историја и географија. Ми беше мошне интересна антиката, па со самото тоа и освојувањата на Александар Македонски. Тоа е мојата прва средба со Македонија, а најмногу ја засакав кога се запознав со работата и животот на Тоше Проески, кој е мојот најголем пејачки идол и животен пример. Кога почнав да ги слушам неговите песни не можев да сфатам дека некој може да биде толку искрен и емотивен додека пее. Тој е сигурно еден од луѓето заради кои почнав да се занимавам со музика. Жал ми е што никогаш не добив прилика да запеам со него овде на Земјината топка“, вели Марко.

Но неговите музички познавања кога станува збор за македонската музичка сцена не завршуваат тука. Одлично е запознаен и со кариерите на Калиопи и Есма.

„Имав можност да се дружам и да пеам со еден македонски пејач со кој и ден-денеска знам да испијам кафе кога ќе се „уловиме“ некаде, а неговото име е Давид Темелков. Тој, ако се прашувам јас, е еден од најдобрите пејачи во регионот“, додава Марко и открива дека омилена македонска песна му е „Полско цвеќе“ од Тоше.

„Буди моја ноќ“ ја потпишува Марко во соработка со Вјекослава Димтер и Дамир Бачиќ, а за аранжманот и музичката продукција се погрижија Драган Брнас-Фудо и Анте Гело.

Композицијата излегува во исто време со спот во кој покрај Марко се појавува и младата режисерка и актерка Арија Ризвиќ, со која Марко неодамна победи на шоуто на ХРТ „Ѕвездите пеат“. Видеото е со потписот на Јосип Нинковиќ.

Поврзани вести

Кои се најголемите хипохондрици во зодијакот?

Слободен Печат

Џеј Зи и Бијонсе за родителството: Најважната работа за едно дете е да се чувствува сакано

Слободен Печат

Наскоро Америка со своја верзија на Евровизија

Слободен Печат

Во етно куќа „Серменински чардак“: Откако го отворивме чардакот, заживеа селотo!

Вкусен предлог за вашата неделна трпеза: Како да направите совршена фокача?

Слободен Печат

Принцезата Шарлин веќе некое време не е видена во јавноста, а сега не се појави ниту на настан што никогаш не го пропушта

Слободен Печат

Остави Коментар