Мараја Кери на доделувањето на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди / Фото: John Angelillo / UPI / Profimedia

ВИДЕО | Мараја Кери носеше на себе 10 милиони долари, а сите зборуваат за бизарната сцена што ја направи на „Ем-ти-ви“ 

Синоќа се одржа доделувањето на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди, каде што најважната награда на вечерта Video Vanguard, отиде во рацете на легендарната пејачка Мараја Кери.

Мараја не се појави на црвениот тепих како другите колешки, туку застана на сцената во златно трико со накит вреден 10 милиони долари.

Петкратната добитничка на Греми носеше дијамантски ѓердан од 204,38 карати „Rosée Éternelle“ и соодветни висечки обетки од брендот „Левума“ вредни неверојатни 10 милиони долари, како што брендот сподели со „Пејџ сикс“ во соопштението за печатот.

Кери носела и неколку дијамантски белегзии, вклучувајќи ја белегзијата „Etho Maria“ од 72,15 карати, а еден ден откако пееше на сцената, сите зборуваат за еден момент од настапот.

Во текот на настапот Мараја во еден момент требало да и удри „шлаканица“ на танчарката што ја глумела Бјанка од нејзиниот музички спот за песната „Heartbreaker“, но таа само безуспешно „мафтала во воздух#. Ова многу ја насмеало публиката и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/MTV

Погледнете го целиот настап на Мараја Кери на доделувањето на наградите на „Ем-ти-ви“, како и моментот за кој сите зборуваат:

ФОТО+ВИДЕО | Триумф на Лејди Гага и Аријана Гранде на доделувањето на „Ем-ти-ви“ видео музичките награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот