ВИДЕО | Луда завршница во Лондон: Касемиро во 94. минута донесе бод за Јунајтед!

Фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Дербито на 13. коло во Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед заврши со реми и со голема драма во самата завршница.

Двете екипи во добра форма влегоа во овој натпревар па затоа беше тешко да се прогнозира конечниот исход. Во првото полувреме Челзи беше во подредена улога, а Манчестер Јунајтед имаше неколку одлични шанси да дојде до водство. Најдобрите прилики ги пропуштија Рашфорд и Ентони.

Второто полувреме донесе многу подобра игра на Челзи, а за двата гола чекавме до самата завршница. Прво Жоржињо во 87. минута од пенал го доведе Челзи во водство и изгледаше трите бода ќе останат во Лондон.

 

Сепак, гостите не се откажаа и наградата стигна длабоко во судиското продолжение. Касемиро со глава погоди во 94. минута. Топката не ја затресе мрежата, но сепак ударот беше доволен Кепа да задоцни со интервенцијата и топката да ја помине гол линијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот