Фото: Unsplash

ВИДЕО | Лекар објасни зошто никако не смеете да извадите нож од телото кога некој е прободен!

Веројатно сте забележале дека во многу филмови, кога некој е прободен со нож, личноста која сака да му помогне, инсистира ножот да не се вади, туку тоа да го направи лекар.

За ова има сосема логично објаснување, а токму еден лекар, кој е многу популарен на социјалната мрежа ТикТок, тоа го објаснил и илустрирал со шише полно со вода. Тој собрал над 100.000 лајкови на ова видео.

Фото: Принтскрин/ТикТок

Д-р Каран Раџ истакнува дека ако некој е прободен, ножот никако не смее сам да го вади или некој да му помогне околу тоа, туку тоа да го направи стручно лице. Причината е тоа што, иако личноста ќе крвави додека ножот е во телото, тој сепак претставува еден вид „тапа“. Сѐ додека ножот е во телото, крвавењето е сведено на минимум, во моментот кога ќе се извади ножот, крвавењето ќе се интензивира и секако постои поголема закана за смртен исход.

 

@dr.karanr Answer @Mikopath ♬ original sound – Dr Karan Raj

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот