ВИДЕО: Лавров со сите почести пречекан во С. Кореја, им се заблагодари за „недвосмислената поддршка“ за оружјето

EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY HANDOUT -- MANDATORY CREDIT -- HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Рускиот министер за надворешни работи пристигна денеска во Северна Кореја и од таму изјави дека Москва високо ја цени „принципиелната, недвосмислена поддршка на Пјонгјанг за руските акции“ во Украина.

Сергеј Лавров е во посета на Северна Кореја неколку дена откако САД соопштија дека Пјонгјанг и префрлил муниција на Москва за нејзината војна во Украина.

Набргу по пристигнувањето, Лавров рече дека неговата посета е можност да се разговара за спроведувањето на договорите што Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги потпишаа кога се состанаа во рускиот космодром Восточни минатиот месец, јави Скај Њус повикувајќи се на новинската агенција Тас.

Белата куќа минатиот петок соопшти дека Северна Кореја и доставила на Русија повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема и муниција.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот