ВИДЕО Лавата од ерупцијата на вулканот во Исланд пред портите на Гриндавик

Исланд, вулкан Фото: Принтскрин

По ерупцијата на вулканот на полуостровот Рејкјанес во Исланд, лавата денеска стигна до источниот дел на малиот евакуиран град Гриндавик, објавија локалните медиуми. Силни и брзи текови лава почнаа да течат доцна синоќа, но властите велат дека оттогаш значително се намалиле, објави Би-би-си.

Активноста околу пукнатината, првично долга три километри, исчезна. Метеоролошката канцеларија на Исланд соопшти дека лавата сè уште тече, но со намалена брзина. Во јужниот дел на Исланд од синоќа е во сила вонредна состојба. Директорот на Исландската цивилна одбрана Видир Рејнисон изјави дека сѐ што може да се направи е направено и дека сега најголема грижа е како лавата ќе влијае на инфраструктурата.

Вулканот на полуостровот Рејкјанес на Исланд еруптираше вчера по четврти пат од декември, исфрлајќи големо количество лава во воздухот. Се верува дека ова е најсилната ерупција од декември. Луѓето беа евакуирани и од популарното туристичко место, спа центарот Сина лагуна. Вулканот последен пат еруптираше во почетокот на февруари, го доведе до прекин централното греење за 20.000 луѓе, додека лавата уништи патишта и цевководи

Ова е седма ерупција во областа Рејкјанес од 2021 година. Исланд е сеизмичко и вулканско жариште бидејќи се наоѓа помеѓу евроазиската и северноамериканската тектонска плоча, кои се движат во спротивни насоки. Во Исланд има повеќе од 30 активни вулкани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот