ВИДЕО | Лав снимен како се вози во автомобил во Тајван, полицијата ја уапси неговата сопственичка

Лав снимен како се вози во автомобил во Тајван / Фото Твитер

Полицијата во Тајланд уапсила жена чиј лав кој го чувала како миленик бил снимен додека се возел низ градот Патаја. Видеото од лавчето како гледа минувачи од задниот дел на автомобилот брзо стана вирално на социјалните мрежи. Лавот врзан со синџири го возел маж од Шри Ланка кој оттогаш ја напуштил земјата, а властите веруваат дека станува збор за пријател на сопственикот на животното, Саванѓит Косунгнерн.

Иако не е нелегално да се поседува лав во Тајланд, тој мора да биде официјално регистриран. Саванѓит рече дека го купила младенчето од Тајланѓанец во провинцијата Након Патом, кој го доставил во Патаја. Меѓутоа, подоцна се покажа дека службениците не го провериле неговиот објект каде што чува животни, поради што продажбата била нелегална, пишува Би-Би-Си.

Поради тоа, Саванѓит се соочува со обвинение за нелегално поседување диво животно, што предвидува казна од една година затвор и парична казна до 100.000 бати (околу 2.500 евра). Властите, исто така, имаат намера да обвинат маж од Шри Ланка за внесување на диво животно на јавно место, што предвидува затворска казна до шест месеци и парична казна од 50.000 бати.

Следат обвиненија и против човекот кој го продал лавот на жената затоа што го преселил животното без дозвола. Официјални лица велат дека моментално во Тајланд има 224 лавови во легална сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот