ВИДЕО | Ковачки: Командир на полициска станица пука со автоматска пушка на веселба

Фото: Принтскрин

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на социјалната мрежа Твитер објави видео на кое човек пука со автоматска пушка од балкон. Според видеото, станува збор за некаква веселба.

Ковачки пишува дека се работи за командир на полициска станица.

Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил – вели тој.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат активности за расчистување на случајот.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ порача дека со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот