Фото: Пекселс/cottonbro-studio

ВИДЕО | Кошмарот на многумина: Тиктокерка се заглави со двајца непознати мажи во лифт

Сите сме доживеале често непријатна ситуација, кога станува збор за возење во лифт со сосема непознати луѓе. Иако изгледа како цела вечност, овие возења обично траат само неколку секунди, но што ако трае четири часа?

Токму тоа ѝ се случи на Миа Падила, која го документира своето необично искуство на својот профил на TикТок. Во виралниот клип таа покажа како таа и двајца мажи биле заглавени во лифт 4 часа и неочекуваните начини на кои успеваат да се забавуваат.

@swagmoneyyyy & now were all trauma bonded besties 4 life #elevator #disaster ♬ original sound – mama mia

Иако не можеле ништо, сепак нашле начин да се забавуваат и несреќата со расипаниот лифт ја претвориле во своја ексклузивна забава додека пееле во дует. За среќа на веселото трио, тие на крајот се спасени и видени како излегуваат од лифтот.

Откако видеото беше објавено минатиот месец, стана вирално со повеќе од 13,5 милиони прегледи и над 3,4 милиони допаѓања на ТикТок.

За среќа, триото заврши одлично и го искористи необичното искуство максимално, но за околу 12,5 отсто од населението со одредено ниво на клаустрофобија, ова би бил нивниот најлош кошмар. Интересно е што луѓето кои патат од овој тип на фобија велат дека попрво би биле во расипан лифт со некој, па макар и непознат, отколку сами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот