ВИДЕО: Кош на годината во АБА лигата!

Фото: aba-liga.com/Cedevita Olimpija/Ales Fevzer

Кошаркарот на Цедевита Олимпија, Дан Душчак го постигна еден од најдобрите кошеви и најатрактивни потези оваа сезона во АБА лигата.

Во тек беше третата четвртина, до крајот остана една секунда, Словенецот ја прими топката и веднаш со една рака шутираше преку еден противнички играч

Ретки се ваквите ситуации за реализација, изненадувачки не само што постигна, топката не допре ниту обрач, ниту табла, туку директно паѓаше во мрежичката, што го направи кошот многу атрактивен.

А интересен е податокот што тие поени му беа првите и единствените на плејмејкерот во текот на средбата.

Дуелот од седмото коло во АБА лигата заврши со триумф на Цедевита Олимпија против Борац Чачак (97:88).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот