ВИДЕО | Копа Италија: Елмас беше капитен, Наполи на пенали елиминиран од Кремонезе

Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Вечерва македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за првпат како капитен на официјален меч го предводеше Наполи, но клубот од Неапол беше елиминиран на пенали од Кремонезе.

Натпреварот не започна добро за „наполитанците“ откако Пикел во 18. минута донесе предност за гостите. Домаќините изедначија по половина час игра со голот на Жуан Жесус, три минути по првиот гол и Џовани Симеоне се запиша во листата на стрелци за целосен пресврт.

Елиф Елмас беше на теренот до 85. минута, а само две минути откако го напушти теренот Кремонезе преку Афена Гијан постигна гол за продолженија. Кремонезе во 100. минута остана и со играч помалку по исклучувањето на Леонардо Серникола, но и со играчка предност Наполи не постигна трет гол.

Фудбалерите на Кремонезе беа поуспешни во пенал серијата и беа подобри со 5:4. За Наполи не реализираше Лоботока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот