ВИДЕО | Комити: Прва, втора, трета, општинска..Вардар засекогаш!

Фото: Принтскрин/facebook/Komiti Skopje

Оваа година Вардар испадна од Првата македонска лига и од следната сезона ќе настапува во понизо ранг..

Верната навивачка група „Комити“ секогаш со клубот во добри и лоши моменти, поддршката секогаш ќе ја има и ќе биде присутна.

Така и овојпат фановите на оваа екипа пред Националниот стадион „Тодор Проески“ – Скопје со навивачки песни уште еднаш ја изразуваат љубовта кон ФК Вардар кој веруваат дека повторно ќе се крене:

– Оние кои го сакаат Вардар на ваков начин го испраќаат и кога испаѓа во втора лига! Бевме тука од почетокот, останавме до крајот…

Не е важен рангот на натпреварување, кога се работи за една голема и искрена љубов.Прва, втора, трета, општинска…ВАРДАР ЗАСЕКОГАШ!
А таму ќе бидеме уште побројни…Таму ќе бидеме уште посилни..Таму ќе го вратиме Вардар на Вардарците и Народот! – напишаа „Комити Скопје“ на својата фејсбук страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот