ВИДЕО: Комбе влета во тераса од кафуле во центарот на Брисел

Фото Твитер

Шест лица се здобиле со полесни повреди откако комбе влетало во луѓе кои седеле на тераса пред кафуле во центарот на Брисел, соопштија пожарникарите и обвинителите.
Инцидентот се случил околу 13 часот, а возачот побегнал од местото на настанот по него се трага, изјави портпаролот на бриселското обвинителство.

Никој од повредените не барал болничко лекување.

Не е јасно дали овој инцидент е несреќен случај или е направен намерно.

Очевидци за белгиските медиуми изјавија дека комбето влегло во улицата Сен Мишел, која води до прометната шопинг зона на градот, а потоа со голема брзина тргнало кон кафулето, но во последен момент ја променило насоката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот