Видео: Колку и да звучи неверојатно, хрватската полиција останала во шок кога после една недела бегство фатиле несовесен возач кој има само два прста

По седумдневна потера полицијата во Бјеловар го фати Ненад Вукашиновиќ, кој во петокот побегна на патот кај Ровишче со неговиот стар нерегистриран пикап Опел. Тој иако веќе беше паркиран покрај со прислушувачи кои го запреа. Тој одеднаш влезе во автомобилот и се упати преку ливадите и полињата во непознат правец.

Бегалецот, како што пренесуваат ликалните медиуми, како последица од тешка повреда при берба на пченка нема една дланка а на другата има само два прста.

Граѓаните го снимаа каде што го забележуваа. Еден коринсик на Интернет дури го видел како пие пиво и се одмара додека бега од полицијата.

Тој неколку пати бил виден во околината на месноста Пргоме, каде што живее. А, како што пренесуваат хрватските медиуми таму бил на „свој терен“. Ги знае сите патишта и шуми и секој сантиметар од околината на Пргомеј, па лесно успевал да се скрие.

Во досието на Вукашиновиќ има речиси 100 сообраќајни пријави, за кои, бидејќи не ги плаќал бил во затвор скоро 50 пати.

Сепак, иако успеа да го фати полицијата мораше да го ослободи во недостаток на законска основа да биде притворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот