ВИДЕО | Коцевски: Го наследив Велес со огромни долгови, работите одат кон подобро

Последните информации се дека пациентот на кој му е дијагностициран индискиот сој на вирус уште од првиот ден кога е во болницата е во добра здравствена состојба, што значи нема потреба да се преземаат било какви дополнителни мерки. Неговата сопруга нема симптоми, но не треба да се олабавуваме. Вршиме притисок врз централната власт. Успеавме да се избориме во Велес да се отвори вакцинален пункт, со голема поддршка од бизнис заедницата во градот. До сега во Велес се вакцинирани околу 11.000 граѓани. Во моментов се вакцинираат наставници од средните, утре од основните училишта и мојот апел е максимално да се искористи можноста да се вакцинираат како најдобра превентива од варијациите на вирусот. Од утре граѓанките и граѓаните тоа можат да го прават и без претходна најава, изјави во Утрински брифинг градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Говорејќи околу „Велешкото културно лето“, Коцевски вели дека кога се организирале „Рациновите средби“ целосно се почитувале препораките од КЗБ.

-Сите манифестации се органзираат согласно протоколите. За брзо време ќе почне и „Фестивалот на античка драма“ во Стоби. Препорачувам воопшто да не се опуштаме и сите да бидеме внимателни, затоа што според сите најави на експертите очекувано е наесен да имаме нов бран, рече Коцевски.

Локални избори

-Јас веќе ја известив јавноста дека нема да се кандидирам на претстојните локалните избори. Ова е мој трет градоначалнички мандат. Од лични, семејни и други причини одлучив да ставам точка на градоначалникувањето, да оставам простор и за другите заинтересирани, вели Коцевски.

-Во Велес работите се неизвесни. Дојде до промена на претседателот на ОО на СДСМ. Некои работи најверојатно ќе се одвиваат со позабавено темпо. До сега се утврдени листите на заинтересирани кандидати евидентирани од членството. Листата е сведена на тројца. Но според тоа што го знам ќе се прават внатрепартиски анкети, па потоа меѓу населението. Кандидатот кој ќе добие најголема поддршка во анкетите тој ќе биде и кандидат за градоначалник, вели Коцевски.

Интегралното интервју со градоначалникот Коцевски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот