
ВИДЕО | Ким Кардашијан убедливо ја победи Хилари Клинтон во квиз по право
Студиите по право на Универзитетот Јејл и адвокатското искуство не ѝ помогна многу на Хилари Клинтон да ја победи ријалити ѕвездата Ким Кардашијан во квиз каде што одговараа токму на прашања за правото.
Препорачано
Ким убедливо ја победила Хилари со резултат 11-4 во квизот што се емитуваше во епизодата од новата документарна серија „Gutsy“, која поранешната државна секретарка на САД ја води со својата ќерка Челзи.
Прашањата се однесувале на кривичното право, употребата на смртоносна сила и критериумите за самоодбрана.
– О, тоа беше срцепарателно – изјавила Клинтон по поразот.
– Мислам и дека треба да работи на брзината. Во неколку случаи можев да видам дека мајка ми го знае одговорот, но не го притисна копчето навреме – додала Челзи Клинтон.
Инаку, веќе е познато дека Ким Кардашијан сака да го искористи статусот на ѕвезда и за покренување реформи во правосудството, па за време на мандатот на Доналд Трамп се залагаше за помилување на Алис Џонсон, Афроамериканка од Тенеси, која беше осудена на доживотен затвор поради прекршок за дрога, што инаку ѝ беше прво кршење на законот.
Ким минатата година го положи испитот за студенти по право во првата година од студиите. Нејзиниот татко, Роберт Кардашијан, беше познат адвокат кој, меѓу другите, го бранеше О. Џеј Симпсон во 1995 година.
Од друга страна, Хилари Клинтон, по студирањето право, во 1974 година учествуваше во истрагата која требаше да утврди дали има основа за импичмент на претседателот Ричард Никсон. Таа предаваше на Универзитетот во Арканзас, а подоцна стана првата жена што доби партнерски статус во престижната адвокатска фирма „Роуз“ во Литл Рок.
ФОТО: Бујната Ким Кардашијан учи право во најминијатурно бикини
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
34сек
-
9мин
-
37мин
-
39мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5