ВИДЕО Километарски колони на Табановце: Акција на МВР и Јавното обвинителство на граничниот премин

Акција на МВР и ОЈО на Граничен премин Табановце (принтскрин)

На граничниот премин Табановце патниците чекаат повеќе од 3 часа.

Патниците кои се затекнале вечерва на Табановце коментираат дека не е пропуштено ниту едно возило. Истовремено е забележливо зголемено присуство на полиција.

МВР во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка истрага на Табановце.

Создадени се километарски колони од двете страни, не сме се помрднале ни милиметар. На двете страни има специјалци со автомати и униформи, изјави патничка за Слободен печат“.

Од МВР за „Слободен печат“ велат дека во тек е акција на припадници на Министерството за внатрешни работи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Повеќе информации ќе соопштат по завршување на акцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот