фото: EPA-EFE/Ettore Griffoni

ВИДЕО | Кикс на Лацио во Серија А, Парма триумфираше над Болоња

Фудбалерите на Лацио го забавија напредокот кон пласман во Лигата на шампионите, откако одиграа без голови на гостувањето кај Венеција, во 26. коло од Серија А.

Лацио очекувано ја имаше иницијативата речиси цел натпревар, а најблиску до гол се најде во 53. минута. Исаксен шутираше под пречката, но Раду се истакна со феноменална одбрана.

Од друга страна, домашните се заканија преку Ористани во завршните минути, но голманот на Лацио го спаси голот. Лацио е на четвртото место во италијанскиот шампионат со 47 бодови, додека Венеција е претпоследна со 17.

Во останатиот дел од натпреварувањето Лацио игра на гости кај Милан, додека Венеција патува во Бергамо на дуел со Аталанта.

Парма на домашен терен ја изненади Болоња со 2:0. Домашните поведоа преку Бони од пенал во 37. минута, а потоа точка на натпреварот стави Сом во 79. минута.

Болоња е на осмото место со 41 бод, додека Парма е на 17. место во генералниот пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот