ВИДЕО: Киев нападнат од сите страни со дронови „камикази“, Украинците тешко нишанат кон нив

ФОТО, принтскрин Twiter- Руски дрон

Главниот град на Украина од утринава е по жесток напад на беспилотни летала „камикази“. Агенцијата Ројтерс објави дека нападите се вршат со ирански беспилотни летала „камикази“, повикувајќи се на соопштението на Андрија Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

– Во периодот од 6:35 до 6:58 часот по локално време се слушнале три експлозии. Сирените го сигнализираа воздушниот напад непосредно пред првата експлозија. Русите мислат дека тоа ќе им помогне. –  напиша Јермак преку Телеграм, апликација за пораки.

 

Во меѓувреме репортерите на новинските агенции известуваат дека на  делови од дронот користени во нападот имало натписи „За Белгород“ и тоа дека Украинците тешко успеваат да ги соборат истите.

Предходно греувернерот на руската област Белгород во близина на границата со Украина ги обвини украинските сили за гранатирање на регионот повеќе пати, а вооружени напаѓачи убија 11 лица на воениот полигон во регионот Белгород во саботата.

Каков дрон е Шегид-136 (руски Геран-2)

Овие дронови кај Русите имаат нумеричка ознака М-214. Всушност, станува збор за преименуван дрон камиказе Шахид-136 од иранско производство.

Овој дрон има цилиндричен труп кој има крило по целото тело на трупот со кое формира единствена целина. На левиот и десниот крај има два вертикални стабилизатори.Овој камиказа дрон користи и непознат електричен мотор кој го движи пропелерот на крајот од дронот.

Во носот на дронот има боева глава за која се проценува дека тежи 60 килограми. Шахид-136 има должина од 2 метри, распон на крилата од 2,5 м. Максималниот опсег е 2.000 км.

Можат да носат 50 килограми експлозив и тешко се откриваат: Какви перформански имаат беспилотните летала „Камикази“ со кои Русите го таргетираат Киев?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот