фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Кејн го водеше Баерн до победа над Бока јуниорс

Фудбалерите на Баерн Минхен обезбедија пласман во нокаут фазата на Светското клупско првенство по триумфот од 2:1 над Бока јуниорс.

Англискиот репрезентативец Хари Кејн донесе водство за германската екипа во 18 минута на стадионот во Мајами, САД.

Аргентинците успеаја да израмнат во 66 минута преку Мигел Мерентиел, а Кејн во 84 минута му асистираше на Мајк Олисе во 84 минута за триумф на баварскиот тим.

Во вториот натпревар од второто коло во групата Д, во Нешвил, Есперанс од Тунис го победи Лос Анџелес со 1:0. Херој на Есперанс беше Јусеф Белаили, кој го постигна победничкиот гол во 71 минута.

Американците можеа да го избегнат поразот, но Денис Буанга не реализираше пенал во 11 минута од судиското продолжение.

Светско клупско првенство, 2 коло

Група Ц

Бенфика – Окленд сити 6:0
Баерн Минхен – Бока јуниорс 2:1

Табела: Баерн Минхен 6 бодови, Бенфика 4, Бока јуниорс 1, Окленд сити 0.

Група Д

Фламенго – Челси 3:1
Лос Анџелес – Есперанс Тунис 0:1

Табела: Фламенго 6 бодови, Челси 3, Есперанс Тунис 3, Лос Анџелес 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот