Португалскиот трговски брод Бом Исус - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Какво откритие! Брод стар 500 години полн со богатство вредно 13 милиони долари пронајден во африканска пустина

Португалскиот трговски брод Бом Исус (Добриот Исус) отпловил од Лисабон на 7 март 1533 година, за Индија. Бил натоварен со вреден товар – злато, сребро и слонова коска. За време на патувањето, го зафатила разорна бура, а на бродот и на неговиот екипаж му се губи секаква трага.

До 2008 година, се веруваше дека Бом Исус се наоѓа некаде на дното на океанот. Но, бродот сепак беше пронајден, и тоа на неочекувано место – во намибиската пустина. Сосема случајно го откопале локални рудари на дијаманти од компанијата „ДеБирс“ (DeBeers), кои работеле во таа јужноафриканска земја, пишува „Пункуфер“.

Потонатиот брод бил скриен во песокот и содржел околу 2.000 шпански и португалски златници, сребрени монети и бакарни шипки во вкупна вредност од околу 13 милиони долари.

Иако потонатиот брод скапувал речиси пет века и бил зачуван само мал дел од првобитната структура, вредните предмети биле пронајдени во релативно добра состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khan Teyim (@your_perspective_please)

Д-р Дитер Ноли, главен археолог на Јужноафриканскиот институт за поморски археолошки истражувања, ги предводеше ископувањата и тврди дека бакарните инготи пронајдени на бродот се одговорни за зачувување на богатството.

„Морските организми можеби сакаат дрво, корици за книги, семки од праска, јутани чанти и кожни чевли, но бакарот навистина ги одбива од нивната исхрана – така што многу работи преживеале 500 години на морското дно, што всушност не би требало“, рече тој.

На бродот биле пронајдени неколку вредни предмети, како што се стари компаси, чинии и прибор за готвење, мечеви, астрономски и навигациски алатки, пет сидра и топови.

Дури и 17 години по откривањето на потонатиот брод, не е сосема јасно што се случило со Бом Исус или како завршил во Намибија. Се претпоставува дека силна бура го повлекла до брегот, дека трупот се судрил со карпа и се превртел. Како што водата се повлекувала, низ вековите бродот „излегол“ од песокот.

Во секој случај, Бом Исус сè уште останува најстариот и највредниот бродолом што некогаш бил откриен во субсахарска Африка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот