
ВИДЕО | Како да привлечете среќа во новата година? Знаете ли зошто треба да изедете 12 зрна грозје на полноќ на новогодишната ноќ?
Додека одбројувањето до полноќ на новогодишната ноќ наголемо почна, еден интересен обичај привлекува внимание низ светот, особено на социјалните мрежи, јадењето 12 зрна грозје точно на полноќ.
Препорачано
На социјалните мрежи кружат видеа како потсетување дека на новогодишната ноќ, кога е полноќ, треба да изедете 12 зрна грозје. Ова, се разбира, дојде со прашањето – зошто? Одговорот е многу интересен и вкоренет во традицијата на Шпанија.
Јадењето 12 зрна грозје на полноќ на Нова година е долгогодишен обичај, особено во Шпанија и некои земји од Латинска Америка. Се верува дека традицијата да се јаде грозје на полноќ ја дочекува среќата и просперитетот во наредната година. Познато е како „Las doce uvas de la suerte“ или „Дванаесетте зрна грозје на среќата“, а секое од 12-те зрна грозје претставува еден месец во новата година.
Се верува дека овој обичај започнал во Шпанија кон крајот на 19. или почетокот на 20. век. Една теорија тврди дека се појавил како начин да се справи со прекумерното производство на грозје по особено добра берба. Лозарите и производителите од регионот на Аликанте го промовирале обичајот луѓето да го консумираат грозјето кое било вишок.
Сега, овој обичај наголемо се споменува на Тикток и оние кои се поддржувачи на народните обичаи и верувања веќе се подготвуваат да си ја „повикаат“ благодатната и просперитетна година во вистинско време. Всушност, насоката на среќата зависи од намерите што ги имате кога го јадете секое зрно грозје, без разлика дали тоа е за вашите финансии, здравјето или за љубовниот живот. Познато е дека суеверната практика ги штити злите духови и негативната енергија.
@katsticklerMy mom is so proud♬ original sound – Kat
Изи Двајер сподели видео на ТикТок на кое таа брзо јаде 12 зрна грозје минатата новогодишна ноќ точно на полноќ. Потоа следи симпатична видеомонтажа од неа и нејзиното момче.
„Кој би помислил“, напишала таа во видеото.
Изи објаснила дека открила т. н. теорија на грозје и решила да го испроба овој ритуал за да влезе во новата година со нова љубов.
„На ТикТок видов дека ако изедам 12 зрна грозје, тоа наводно ќе ми донесе среќа во љубовниот живот, па го направив тоа со три пријателки“, изјавила таа за „Метро“.
„Едната веќе имаше момче, а ние двете бевме сами. Сега и двете сме во врска. Може да се каже дека е 100 отсто делотворно“, додала таа.
Нејзиното момче не е сигурно дека грозјето е одговорно за нивната љубовна приказна, но Изи не се согласува.
„Не верувам дека теоријата на грозје му звучеше убедливо кога му ја спомнав. Мисли дека тоа е слатка идеја, но не верувам дека верува во тоа. Јас верувам“, рекла таа. „Би ги охрабрила другите самци да го испробаат овој тренд бидејќи немаат што да изгубат. Што е најлошото што може да се случи?“, порачала таа.