Фото: Јутјуб/Принтксрин

ВИДЕО | Како Црвеното Море исчезнало, а потоа се вратило: Неверојатна приказна од геолошкото минато

Подрачјето кое денес го зафаќа Црвеното Море пред околу 6,2 милиони години доживеало драматична промена што геолозите ја нарекуваат целосно сушење, а потоа брзо поплавување, објавува „Сајтек Дејли“ (SciTechDaily).

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија „Крал Абдула“ откриле дека ова море, кое денес го поврзува Арапското море и Средоземното преку Баб ел-Мандеб и Суецкиот канал, во еден момент престанало да постои како море во вистинска смисла, претворајќи се во огромно солено езеро или можеби и во солена долина. Преминувањето од исушена површина до повторно полбнење со вода се случило многу брзо според геолошките мерки.

Откритието е базирано на комбинација од сеизмичко снимање на морското дно, анализи на микрофосили и прецизно одредување на староста на седиментните слоеви преку геохемиски техники. Во седиментите се наоѓаат слоеви сол и гипс, остатоци од езера или басени со многу висок соленост, кои се формирале кога водата испарувала. Северната врска со Средоземното Море била прекината, додека патот од југ кон Индискиот Океан бил спречен од вулкански возвишувања кај островите Ханиш или слични бариери. За време на сувиот период, земјата на басенот била изложена на ерозија и ветрови, додека солта и гипсот се таложеле во големи количини.

По период што можеби не траел повеќе од сто илјади години, следело силно поплавување од југ кога водата од Индискиот Океан ги пробила бариерите. Морската вода со огромна сила ја пробила вулканската „бариера“ кај преминот Баб ел-Мандеб, а истекувањето на водата создало подводен канон долг околу 320 километри. Тој канал е значаен доказ за овој настан и останал видлив на морското дно. Високото ниво на вода довело до брзо враќање на морските услови, биотопите и воспоставување на врските со океаните како што ги познаваме денес.

За време на сувата фаза, Црвеното Море не било море како денес – фауната што зависела од морски услови исчезнала или била изложена на многу тешки услови поради високата соленост. Кога морето се вратило, морскиот екосистем бил обновен. Коралните гребени и разновидните морски видови кои денес го населуваат Црвеното Море сведочат дека екосистемот успешно закрепнал.

Овој настан е значаен бидејќи покажува како климатските услови, заедно со текстонските движења и вулканска активност, можат да го исклучат целиот морски систем, а потоа да го променат и повторно воспостават.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот