ВИДЕО | Јосипа Лисац ѝ испрати порака на Констракта: Евровизија не е мое музичко четиво, ама…

јосипа лисац
Јосипа Лисац, Ана Ѓуриќ Констракта / Фото: Принтскрин Инстаграм/Фејсбук

Јосипа Лисац испрати порака до Констракта по повод настапот на српската евровизиска претставничка во емисијата „Недељом у 2“.

„Добар ден Ана Ѓуриќ Констракта. Евровизија не е мое музичко четиво, ama гледајќи го твојот настап добив порака. Каде и да сум, јас сум! честитки!“, изјави Јосипа. „Се осмеливте да зборувате за општествените состојби кои нè допираат сите нас. Паметна и убава Ана Констракта – ви честитам!“, ѝ порача Лисац.

Пораката ја пренесе водителот Александар Станковиќ и додаде: „Која легенда е оваа Јосипа!“

Станковиќ на посебен начин го најави гостувањето на Констракта. Тој на социјалните мрежи објави видео на кое седи во бела кошула со леген пред него и пее „Која е тајната на здравата коса на Ана Ѓуриќ“ и со тоа стави до знаење дека негова следна гостинка е претставничката на Србија на годинашниот избор за песна на Евровизија, Ана Ѓуриќ Констракта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот