ВИДЕО | Јапонец во костим на куче од 12.000 фунти излезе надвор: „Мојата прва прошетка“

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Љубител на кучиња, кој се стекна со слава на социјалните медиуми поради неговата желба да стане животно, за првпат излезе надвор, облечен од глава до пети во костим на куче од расата Бордер коли, вреден повеќе од 12.000 фунти, пишува „Дејли мејл“.

Познат само како Токо, човекот потрошил два милиони јени, што е еднакво на 12.480 фунти, на реалистичен костим, за да ја исполни својата доживотна фантазија „да стане животно“.

Во некои од неговите видеа, споделени со речиси 30.000 претплатници на Јутуб, Токо беше виден како игра во својот двор и се обидува да изведува трикови во замена за лажна храна за кучиња.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Но, тој сега се впушти во надворешниот свет и за првпат се запозна со други луѓе и животни.

Во неколку видеа објавени на неговиот Јутуб канал „Сакам да бидам животно“, Токо е виден како е излезен на прошетка на поводник, а подоцнаи како мириса други кучиња во паркот и се тркала наоколу на земјата.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Лудориите на „кучето“ Токо, навидум биле добро прифатени од минувачите и другите кучиња, кои пред биле љубопитни. Но, и покрај тоа што веќе има следбеници и луѓе кои го разбираат, Токо сè уште не е подготвен да ја симне маската.

„Уште кога бев мало дете, сакав да бидам животно. Мислам дека тоа е желба за трансформација. Размислував за тоа од кога знам за себе“, рекол Јапонецот.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Љубителот на кучиња и животни, објаснува дека го сокрил својот идентитет и своето човечко лице од светот, затоа што не сака да биде осуден од луѓето што ги познава. Вели дека не стекнал доволно самодоверба за да им каже на своите најблиски за своето хоби.

Ретко им кажувам на пријателите, бидејќи се плашам дека ќе мислат дека сум чуден. Дел од моите пријатели и семејството беа многу изненадени кога дозна дека станав животно“, додава Токо.

Неговите вирални видеа привлекле обожаватели кои се негови истомисленици и коментираат дека е инспирација за остварување на сите соништа.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Инаку, јапонската компанија „Zeppet“, која создава костими за ТВ реклами и филмови, потрошила 40 дена правејќи ја несекојдневната облека за Токо.

Во продолжение погледнете го видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот