ВИДЕО | Ивановска: Не сакаме ДКСК да се злоупотребува за политички цели

Биљана Ивановска претседателка на ДКСК / Слободен печат / Фото: Драган Митрески

Извештајот на ЕК нотира напредоци, меѓу другото и пофалба за ДКСК што е реткост да има напредок во борбата против корупцијата. За тоа во денешен Утрински брифинг поразговаравме со директорката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска

-ЕК будно ги следи сите процеси што се одвиваат и многу точно ги отсликува работите. Извештајот е многу релевантен, ја истакнува нашата улога, но препорачува да има придвижување и на другите институции – нивна проактивна улога. Во судството и Обвинителството имаме важни предмети кои сѐ уште стојат. Имаме и иницијатива пред Уставен суд за која сѐ уште се чека одлука. Отворени сме за соработка, со Обвинителството заедно прибравме докази за прашање од многу значаен јавен интерес. Три години кажуваме дека треба да се ограничи дискреционото право на носителите на јавни функции, пред сѐ мислам на вработувањата. Вистински луѓе на вистинско место е она што ни треба во државата, вели Ивановска.

Комисијата во иднина сака повеќе да посвети внимание на намалување на дискреционите права на функционерите.

-Законите дозволуваат функционерот да избере од листата што му ја доставува Агенцијата за службеници. Имавме неколку случаи што ги обелоденивме за непотизам. Во еден од нив избран е 41-иот кандидат оти имал добро интервју, а не ги решил тестовите и нема друг успех, вели Ивановска.

Таа додава дека од ДКСК јавно објавуваваат кога имаат препреки. Ивановска истакнува дека ДКСК дури во третиот квартал доби канцеларии и кадри додека, за споредба, за неколку часа се оформуваат цели кабинети.

-Баравме 16 вработени, но од Министерството за финансии ни одговорија дека тоа е премногу. Треба да ја исполниме старата систематизација, а потоа да се предрлиме на новата систематизација. Нам ни требаат луѓе оти ние даваме препораки што треба да се стори, иако 30 отсто од нашите препораки не се испочитување. Мислам дека основен проблем во државава е непочитувањето на луѓе, на закони, на сѐ. Има луѓе во државава, само треба да им се даде шанса. Политиката треба да си ги тргне рацете од професионалците, заклучува таа.

Како работи ДКСК во време на избори?

-Имаме правила на постапување и закони според кои го следиме финансирањето на политичките партии, но за сметка за тоа ни заостануваат други предмети. Не сакаме да нѐ злоупотребуваат за политички цели и затоа работиме строго според нашите надлежности. На крајот од изборите пишуваме извештај каде ги нотираме сите прекршувања на партиите, но и сите влијанија врз гласачкото телото кои не се незаконски но влијаат, вели Ивановска.

Целиот разговор во видеото