ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Зиков: И покрај проблематичната опозиција, уверен сум дека Македонија ќе ги почне преговорите

Љупчо Зиков / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

„Јас сум длабоко уверен дека Македонија ќе ги почне преговорите затоа што ние практично сме на почетокот на преговорите. Со првата меѓувладина конференција веќе де факто сме ги почнале“, изјави Љупчо Зиков, новинар и директор за финансии на МЕПСО и основач на „Капитал“ весникот во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека оваа работа треба да се сфати сериозно затоа што подолго време трае овој историски момент за државата.

„На пример, во последните година и пол, две имаме потрошено многу кредити. Наместо оваа работа да ја завршиме пред година и пол кога беа и предлогот и сите други работи, како општество покажавме една голема „аљкавост“. Одговорноста има име и презиме. Имавме проблематична опозиција целиот овој период која дефинитивно има проблем со идеолошки и политички ставови за иднината на државата“, потенцираше Зиков.

Тој заклучи дека Македонија има неповторлива шанса да го умири своето политичко поднебје, да се стиши триесетгодишната фама Македонци-Албанци. Сега е вистинска шанса да направиме едно граѓанско општество.

„Да се обидеме во државата на политичката сцена да воспоставиме програмски коалиции. Во таа широка европска коалиција ја гледам иднината на државата“, заклучи Зиков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот